Филипче: Наскоро ќе биде познато кога точно ќе добиеме вакцини од компанијата „Синофарм“

од Берта Китинска
134 прегледи

Министерот Венко Филипче денеска соопшти дека досега се пријавени 4.000 здравствени работници, од кои 2.000 се од Скопје. Воедно тој истакна дека наскоро ќе биде познато кога точно ќе добиеме вакцини од компанијата „Синофарм“.

-Дневниот капацитет за вакцинирање е 880 лица во сите поликлиники во здравствениот дом во Скопје и дополнителни 500 во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје. Во другите градови низ земјава вакцинирањето ќе се спроведува во вакциналните пунктови според праксата за вакцинирање од сезонски грип, изјави Филипче.

Во однос на тоа дека британскиот сој се шири низ земјава Филипче  не најави заострување на мерките затоа што бројките на новозаразени не се толку алармантни.

Слични содржини