Филипче не очекува нов силен бран

од Берта Китинска
418 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека тој не очекува нов силен бран од Ковид-19 есенва.

-Тешко е да се кажа, но сметам дека силен бран не би требало да има очигледно е дека вакцинацијата е зголемена.И доколку се заразат вакцинираните лица тие ќе бидат со лесна клиничка слика.Не очекуваме висок бран и притисок кон болниците, но сме подготвени, има слободни капацитети, доволна количина на тестови, додаде тој.

Тој рече дека се намалува бројот на новодијагностицирани случаи, па оттаму не се чекаат термини за терстирање.

-Имаме по 300-350 новодијагностицирани случаи и може да се тестираат во центрите за јавно здравје било кога, рече Филипче.

Слични содржини