115
Министерот за здравство, Венко Филипче денес од пред модуларната болница во Скопје, каде што започна вакцинацијата на здравствените работници, изјави дека луѓето се свесни за имунизацијата.
„Ќе се вакцинирам за да им покажам на граѓаните дека така треба и тоа е правилно за да ја спречиме пандемијата. Не сакам да им земам сега место на колегите и да ја примам првата доза. Би требало тоа да биде кога ќе пристигне вториот контигент вакцини“, истакна министерот и дополни дека следната недела ќе пристигнат и другите 4000 дози од Фајзер.