Филипче: Не се исклучени нови рестриктивни мерки, но во моментов тоа не е потребно

206 прегледи

По повод донацијата од Стопанска банка за поликлиниката Букурешт, министерот Венко Филипче кој беше присутен таму изрази благоданост до директорот на Банката, кој како што вели оваа компанија е општествено одговорна од почетокот на кризата.

На новинарко прашање, за воведување на нови рестриктивни мерки, теркот на вирусот, како и процентот на застапеност на Британскиот сој во С.Македонија, Филипче вели дека испитувањата во дел од лабараториите се во тек, и посочи дека моментално не е потребно да се воведат нови рестриктивни мерки.

„Видливо е зголемување на бројот на заболени. Се уште траат испитувањата во лабараторијата на МАНУ, додека од Жан Митрев веќе потврдија дека 70% од заразените имаат кај себе Британски сој на Ковид 19. Има доволно капацитети, а докторите се подготвени за повторна реорганизација. Околу рестриктивните мерки не е исклучено да се донесат, но во моментов не е потребно“, посочи министерот Филипче.

Слични содржини