Филипче: Нема да има приватизација на Брзата помош

од Nikola Popovski
363 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека нема да има приватизација на Брзата помош.

-Вие и сега имате служби за итна медицинска помош од приватни институции. Тоа се Неуромедика, Систина, Жан Митрев, Никоб кои што вршат транспорт. Ние мораме да го регулираме тоа, но овде не станува збор за никаква приватизација, вели Филипче во изјава за ТВ 24.

Според него, претпоставките се дека ова се поврзува со иницијативата дали може целокупниот систем да бидел од приватното јавно партнерство.

-Овде станува збор за регулирање на тоа што практично се случува со години наназад, а не е соодветно регулирано во законот, потенцира Филипче.

По повод ова, двајцата пратеници на Левица во Собранието на Комисијата за здравство поднеле над 1.200 амандмани со цел да го спречат донесувањето на овој закон.

-Бараме отворање јавна расправа за ова круцијално прашање кое е во интерес на сите граѓани и итно повлекување на овој штетен закон од собраниска процедура, истакнуваат од Левица.

Слични содржини