Филипче: Нема да издржиме ако се опуштиме во овој трет најсилен бран

од Берта Китинска
190 прегледи

Нема да издржиме ако се опуштиме пред верските празници, како што беше случај лани, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој смета дека дополнителните рестрикции ќе дадат резултат, во пресрет на верските празници Рамазан Бајрам и Велигден.

-Во изминатиов период имаше голем притисок во здравствениот систем.Минатата година за празниците се искомплицира состојбата со ковид 19.И затоа сега ги воведуваме овие мерки во овој трет најсилен бран.Мерките дадоа ефект во многу градови.  Сметаме дека треба таква рестрикција, со цел за да се намали притисок врз болниците. Мораме да го олабавиме притисокот врз болничките установи“, истакна Филипче.

Слични содржини