Министерот за здравство Венко Филипче на денешната пре-конференција истакна дека засега нема причина за заострување на мерките, поради ширењето на британскиот сој на ковид19.
„Имав средба со британската амбасадорка, разменивме искуства во однос на тоа како почнал овој силен бран во Велика Британија и какви мерки презеле. Засега сметаме дека нема потреба да остапуваме од мерките кои се сега на сила“, изјави Филипче.
Во однос на вакцинацијата според оперативниот план, 880 лица дневно ќе се вакцинираат, а близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар.
-Вакцинацијата во Скопје ќе се одвива во сите скопски поликлиники. Го направивме оперативниот план, 880 лица дневно ќе се вакцинираат, а близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар. Поликлиниките Букурешт, Јане Сандански и Чаир ќе работат од 8 до 20 часот, а останатите по една смена. Децата од претшколска и школска возраст ќе бидат заштитени и истите ќе се упатуваат во Поликлиниката Ѓорче Петров или во амбулантата во Карпош. Во останатите градови, вакцинацијата ќе се спроведува во вакциналните пунктови по примерот на имунизацијата за сезонски грип, изјави Филипче.