188
Маската како надополнување на мерката за одржувањето на дистанцата е доволно заштита, ова го истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче по средбата со здружението „Борка“.
„Прашање е вирусот колку долго може да издржи во воздухот, но сепак, маската е доволна мерка за заштита“, изјави Филипче.
Тој напомена дека маската е одбранбен механизам против Ковид 19, и дека нема некој заболен кој ги почитувал мерките
„Ни на изборите нема да дозволиме било какво групирање на гласачките места. Свеста кај граѓаните е се поголема и очигледна“, изјави Филипче.