Филипче: Нема неконтролирано ширење на вирусот, околу 70 проценти во Скопје се од познати кластери

од Берта Китинска
192 прегледи

На денешниот состанок комисијата ја разгледуваше состојбата, и покрај високиот број на заразени нема голем број пријавени за болничко лекување што значи повеќето се со полесни симптоми и се на домашно лекување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Околу 70 проценти од Скопје се познати кластери тоа се од Чаир и Сарај. Во Сарај е спласната состојбата и денеска интензивно се работи во Чаир и Студеничани. Беше донесена одлука во Штип да се затворат пет конфекции и ќе бидат тестирани 600 луѓе.Денеска е констатирано дека нема неконтролирано ширење на вирусот. Ќе почекаме за податоците и ако е потребно ќе се донесе одлука за дополнителни мерки односно карантин и воведување на полициски час во одредени   општини, изјави Филипче.

Министерот напомена дека во текот на оваа недела ќе се разговара за отворање на границите и градинките.

Слични содржини