Филипче: Нема потреба од паника, има доволно болнички места

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во април ќе пристигнат вакцини од повеќе места и воедно упати порака до граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи овој период е специфичен.

– Април ќе биде месец кога очекуваме вакцините да стигнат од повеќе места и после оваа приоритетна група граѓани над 65 години и други граѓани да се повикаат и да бидат вакцинирани, рече Филипче.

Во однос на болниците изминатата недела, посебно викендов, Филипче рече дека огромен број пациенти побарале болничка заштита. Посочи дека со сите директори на јавно здравствените установи каде се лекуваат пациенти на Ковид-19 направиле целосна организација.

Порача граѓаните да ги почитуваат мерките бидејќи, како што рече, ова е специфичен период.

– Има доволно болнички места, нема потреба за паника, но со почитување на мерките сите помагаме трансмисијата на вирусот да се намали, додаде Филипче.

Слични содржини