Филипче: Нема препорака да се ревакцинираат помладите од 60 години, кои се вакцинирани со „Астра Зенека“

од Берта Китинска
287 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека сите граѓани кои се вакцинирани во Србија со кој бил тип на вакцина, освен со „Астра Зенека“, ќе можат да се ревакцинираат кај нас.

– Се уште нема јасен став, се уште се анализираат и публикациите и ставовите на многу национални агенции за лекови, дали евентулано треба да примат друга вакцина или не. Така што во таа смисла препораката е да не се прима втората доза на вакцина на „Астра Зенека“. Нашата одлука е да не се вакцинираат граѓани под 60 години со вакцината на „Астра Зенека“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Слични содржини