110
„Во вакцинацијата нема политика. Тоа е исклучиво прашање кое ги прави правилата во делот на завршување на студиите и сите сертификати кои вакцини ќе ги добијат. Затоа што Фајзер беше напред во клиничките студии, затоа почнавме преговори со нив“, изјави министерот Венко Филипче за ТВ 24.
Според него, во моментот кога пристигнала понудата од руската амбасада за набавка на Спутник V, вакцината била во третата фаза на клиничка студија.
„Се уште не беше завршен целиот процес. Немам проблем да набавиме. Нема тука политика“, потенцира министерот за здравство.