228
Резултатот на доктор Сашко Николов е илјадници спасени животи, и тоа на врвен начин со ниво на експертиза што се спроведува во европски и светски центри, тоа е најдобриот начин да излезе меѓу граѓаните и да го побара гласот, бидејќи неговиот влог дал резултат, пишува министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
На 13 декември граѓаните на Штип да излезат и да го дадат својот глас за Сашко. Изборите ќе бидат безбедни и целосно согласно протоколите кои се веќе проверени на изборите ова лето, додава тој.