Ова темпо мора да го задржиме. Имаме одлично поставен систем и капацитети за вакцинација, потребна е само свест и совест кај граѓаните, сподели министерот за здравство, Венко Филипче.
„Нов бран е се поизвесен, тој не одбегна многу европски земји, веројатно нема да не одбегне ни нас. Само од нас зависи дали ќе го пречекаме вакцинирани во што поголем процент, ќе го ублажиме и ќе спасиме човечки животи.
Барам максимална одговорност, но пред се поддршка и вклученост. Ширете ја пораката дека вакцинацијата е единствен начин да ставиме крај на пандемијата.
Разговарајте и убедете ги оние кои сеуште се двоумат затоа што веќе е научно докажано и проверено – вакцините функционираат. Тие се безбедни и спречуваат хоспитализација или смрт од Ковид“, додаде тој.