300
Во врска со родилката која од ГАК денеска беше префрлена на Инфективната клиника, министерот за здравство Венко Филипче објасни дека таа била позитивна на вирусот.
-Родилката од Куманово која била донесена на ГАК веднаш и било констатирано дека плодовата вода и е намалена и била породена во патеката за изолација бидејќи била сомнителна на коронавирусот, брисот од тестот е пристигнат на 31 и е позитивен.Родено е машко бебе недоносено кое е на интезиван нега и на бебето ќе му се земе брис, но во мал случаи има пренос на вирусот од мајка кон дете, изјави Филипче.