347
Министерот за здравство на својот Фејсбук профил информираше дека досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма.
„Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19. Крвна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирус. Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!“, напиша Филипче.