Филипче: Од „Фајзер“ не замолија да не кажувам колку вакцини ќе добиеме

од Берта Китинска
161 прегледи

Министерот за здравство Венко  Филипче утрово информираше дека изминатата недела имале интензивни телефонски разговори со компанијатаизрази уверување дека следува период на успешна имунизација во земјава.

– Од компанијата не замолија се уште да не се објавуваат дозите, иако точно знаеме колку дози треба да стигнат во февруари, колку во март и колку во април. Изминатата недела имавме во континуитет телефонски разговори, разменуваме маил со компанијата „Фајзер“ и мислам дека тоа е една политика која успеаја да ја имплементираат заради зголемување на дел од нивното производство, истакна Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој рече дека сме на прагот на имунизацијата и дека од СЗО нашата држава била оценета како една од најподготвените во Европа.

– Верувам дека со вакцината ќе се стави крај на пандемијата насекаде во светот – рече Филипче.

Слични содржини