„Последиците врз граѓаните од страшаната трагедија се огромни. СДСМ во изминатите месеци покажа што значи вистинска грижа и поддршка“ – ваква порака денеска од Кочани испрати лидерот на најголемата опозициска партија, Венко Филипче.
Тој потсети дека како партија предложиле Закон за финансиска помош за семејствата од Кочани.
-Поднесовме и амандман на ребалансот на Буџетот за да обезбедиме средства и да покажеме дека општеството не ги заборава. За жал, и законот и амандманот беа одбиени од власта и мнозинството. Тешко е да се прифати дека истата таа власт денес троши 1.8 милиони евра на кампањи, брошури, кетеринзи и тотеми и себепромоција, но не прифаќа да обезбеди средства за семејствата на настраданите, порача Филипче.
Претседателот на СДСМ и пратеник исто така истакна дека ќе продолжат да се борат за Кочани, да се слуша нивниот глас и да се изборат за поддршка што ја заслужуваат.
-Ова не е политичко прашање, туку човечко, потенцира Филипче.
Пред неколку дена, пратеничката група на СДСМ најави дека ќе ги повлечат сите преостанати амандмани на предложениот ребаланс на буџетот и ќе поднесат два нови – целосно насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата.