Филипче: Од месец февруари здравствените работници ќе добијат повторно зголемени плати (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
154 прегледи

„2019 година ја заокруживме како успешна година во која преку вложување во човечкиот капитал ги зголемивме платите на здравствените работници, ги подобривме условите за работа – набавивме нова опрема, но и ги подобривме условите во јавно-здравствените установи. Со истото темпо, продолжуваме и во новата 2020 година. Година на инвестиции во здравствените работници. Година во вложување во човечкиот капитал“, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

„Со низата мерки кои Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз ги имплентира покажавме дека навистина сме на вистинскиот пат. Само со покачени плати, вработувања, максимална грижа за нивна мотивираност ќе ги задржиме нашите лекари во јавното здравство. Токму поради тоа, како што најавивме, од месец февруари здравствените работници ќе добијат повторно зголемени плати. Со новите зголемувања ќе достигнеме историски рекордно високи примања на здравствените работници“, посочува тој.

Слични содржини