215
Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
-Граѓаните кои од здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт да се вакцинираат ќе можат тоа да го сторат во домашни услови. Закажувањето е преку јавување во здравствените домови или член од семејството, роднина, пријател, познаник може да им закаже домашна посета за вакцинирање со директно пријавување на пунктовите за вакцинација. Медицинските екипи се подготвени да одговорат на потребите на сите граѓани, напиша министерот за здравство Филипче.