Филипче: Oд вторник дневно ќе се вакцинираат од 10 000 до 15 000 лица

од Берта Китинска
162 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска по пристигнувањето на кинеските вакцина „Синофарм“ рече дека очекува да бидат вакцинирани меѓу 10 и 15 илјади граѓани на ден.

„Овие вакцини кои се пакувани со шприцови со игли и спремни за апликација, ќе бидат дистрибуирани низ градовите согласно пријавените граѓани. Пунктовите се подготвени. Помеѓу 10 – 15 илјади граѓани на ден.“, истакна Филипче.

Филипче истакна дека се очекува во месец мај да дојдат над 600 илјади вакцини од кинеските производители Синовак и Синофарм.

Слични содржини