Филипче оддаде почит за ликот и делото на Глигоров

од Nikola Popovski
27 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска оддаде почит за ликот и делото на првиот Претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, заедно со неговата ќерка Донка Глигорова, и неговиот шеф на Кабинет, Живко Кондев.

-Длабока почит за ликот и делото на првиот Претседател на независна и суверена Македонија и горд носител на членската книшка бр.1, на држовотворната СДСМ, другарот Киро Глигоров. Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата и вредностите врз кои почива современата македонска држава. Секогаш ќе стојам простум пред сите оние кои со своите дела вечно се вградени во темелите на нашата Татковина. Продолжуваме да го чуваме огнот на АСНОМ и НОБ како негови горди наследници и следбеници на тие вредности и идеали.

Секогаш на вистинската страна на историјата, порача Филипче.

Слични содржини