361
Охрабруваат новите бројки на новодијагностицираните во смисла на тоа дека опаѓаат, но сепак многу рано е да прогласиме победа на четвртиот бран вели министерот за здравство Венко Филипче.
– Дозволете да повикам на масовна вакцинација, особено на родителите чии деца ќе тргнат на училиште и во градинка, за да се заштитат семејствата, рече Филипче.
Тој напомена дека се поставени општи мерки заради тоа што анализите за бројот на деца кои прележале ковид 19 може да биде згрешен поради лесна настинка која може да не бида пријавена.