153
Денеска се вакцинираа медиумските работници оние коишто се на првата борбена линија уште од почеток на кризата. Вакцинирани се околу 600 луѓе, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
-Станува збор за луѓе од критичната група над 40 години и луѓе коишто се со хронични болести. Се надеваме во следната фаза којашто ја очекуваме наскоро да бидат и сите други медиумски работници, она што е особено значајно е дека сите овие медиумски работници беа во допир, во близок контакт со вирусот но и имаа и многу контакти со многу луѓе постојано. Овој тип на заштита е значаен затоа што ќе биде заштита не само за личното здравје туку и за останатите луѓе кои имаат постојани контакти со новинарите, напиша на Фејсбук министерот за здравство Филипче.