Филипче оптимистичен: Вакцините ќе пристигнат пред месец март

од Берта Китинска
193 прегледи

Се уште не се знае која вакцина ќе ја добиеме преку КОВАКС системот, односно ниту една земја не знае која вакцина ќе и биде доставена преку овој механизам.Очигледно е  дека сите земји преку ЕУ иако беа привилигирани добија помали количини од вакцините, верувам дека и пред месец март ќе ги добиеме вакцините, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Со оглед дека епидемијата стивнува и дали до март граѓаните ќе стекнат имунитет пса нема да им бидат потребни вакцините, министерот рече дека имунизацијата ќе биде потребна бидејќи  70 проценти од населението ќе треба да се вакцинира за пандемијата да спласне.

-Нема цена која владата не ќе може да ја плати за да добиеме дозовли, сите вкацни кои ќе стигнат се безбедни, изјави Филипче.

Слични содржини