Филипче: Остануваат на сила актуелните рестриктивни мерки, засега нема дополнување

371 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче во рамки на денешната прес конференција, ја образложи моменталната состојба со Ковид 19,  но и информираше дека остануваат на сила моменталните рестриктивни мерки, и засега истите нема да бидат дополнети.

„Евидентно е дека се наоѓаме во третиот бран. Во изминатите 4 недели имаме постојан раст на бројките на заразени од Ковид 19. Во болниците, имаме 1100 пополнети болнички места, и во таа смисла се направи координација и систем на менаџирање со сите капацитети во земјава. Оттаму, се додадоа и нови ковид центри кои беа отворени. Но, и покрај тоа има доволен број на болнички капацитети. Сега сите ковид центри се во функција. Утринава имавме координација со Комисијата за заразни болести, и констатирано е дека имаме значително зголемен број на пациенти во одредени градови. Но, заклучокот е дека остануваат овие мерки на сила и нема да се додадат дополнителни нови, но откако ќе завршат овие мерки, односно кон крајот на следната недела ќе видиме дали ќе има нови рестрикции“, истакна Филипче.

Слични содржини