394
Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави фотографија со колегите од Институтот за јавно здравје.
-Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период, напиша Филипче.