Од денеска ќе има поголем број термини за вакцинација, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
-Од денеска овозможуваме поголем број на термини за вакцина против сезонски грип. Количини има сосем доволно, тие не се потрошени и продолжуваме со системот на вакцинација. Оваа година набавивме 40 илјади дози, за 40% повеќе од претходната година, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.