Филипче: Пандемијата не е завршена, сѐ уште има новозаразени кои се потенцијална закана за можен удар од вирусот

од Берта Китинска
199 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека одлука на ЕУ за да ги олесни ограничувањата за патување на нашите државјан доаѓа по стабилизација на состојбата со вирусот во државата.

-Европската Унија одлучи да ги олесни ограничувањата за патување на нашите државјани, на што се согласија сите 27 членки на блокот.Оваа одлука на ЕУ доаѓа по стабилизација на состојбата со вирусот во државата. Продолжуваме будно да ја следиме епидемиолошката состојба во земјава. Апелирам до граѓаните дека сѐ уште важат основните мерки за заштита од вирусот Ковид 19. Пандемијата не е завршена кај нас, во земјите во регионот, па и насекаде во светот, сѐ уште има активни случаи и новозаразени, што на еден начин е потенцијална закана за можен удар од вирусот, затоа треба да се придржуваме кон мерките за заштита, информираше Филипче.

Слични содржини