Филипче по протерувањето на рускиот дипломат: Не очекувам застој во испораката на Спутник V, но останува да видиме

од Nikola Popovski
367 прегледи

„Во ниту еден момент за време на бројните средби и разговори со амбасадата немало никаква најава за политизација на прашањето, ниту на почетокот ниту сега, но останува да видиме“, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче на новинарско прашање дали политизација на испораката на вакцините „Спутник“ од Русија по вчерашното протерување на руски дипломат од државава.

Тој додал дека досегашната комуникација со руската амбасада била навистина коректна и не очекува застој во испораката на вацини.

Вчера Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Македонија.

„Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена“, велат од МНР.

Портпаролот на руската амбасада во Скопје соопшти дека Русија разгледува мерки што можат да бидат реакција на протерувањето на рускиот дипломат.

Тој во име на Амбасадата потврдил дека владата во Скопје донела таква одлука.

„Руската страна сега ги разгледува мерките како одговор што ќе следат по овој чекор. Рускиот дипломат има рок од седум дена да ја напушти Северна Македонија. Неговото име нема да биде објавено“, рекол портпаролот, а пренес ТАС С.

Слични содржини