Филипче: Под голем притисок се, но здравствените работници не се откажуваат

464 прегледи

По завршувањето на 10. Владина седница, Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека ова е моментално најтешкиот период за справување со Ковид 19, и потенцираше уште еднаш дека здравствените работници не се откажуваат иако се под огромен притисок.

„Секаде се имплементирани истите мерки. Помалку или повеќе, тие се модификации на истите принципи на превенција за спречување на ширење на вирусот. Здравствените работници, особено во овој период, се под огромен притисок. Огромен дел од нив се преморени ама не се предаваат. Тие и натаму се жртвуваат и работат и се повеќе, како и со поголем ентузијазам се вклучуваат и во новите одделенија – делови од болници коишто сега ги планираме и во следниот период да станат ковид-центри, истакна министерот Филипче.

Уште еднаш Филипче апелираше до граѓаните да ја почитуваат работата на здравствените работници и да се придржуваат до мерките за заштита.

Слични содржини