222
Поддршката од Армијата и Министерството за одбрана е многу важна во битката со пандемијата,сподели министерот за здравство Венко Филипче.
„Благодарност до сите претставници на Армијата кои се силна поддршка на здравствените работници.
Како никогаш порано мобилизирани се сите капацитети и ресурси во државата за да одговориме на предизивикот.
Заедно ќе ја надминеме и оваа криза“, посочи тој.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67.968, бројката на оздравени пациенти е 43.646, на починати е 1.924, а бројот на активни случаи изнесува 22.398.
Денеска починаа 23 лица.