Европската медицинска агенција закажала состанок на бордот меѓу 6-ти и 9-ти април на кој се очекува да се донесе став по различните препораки за вакцинирањето со вакцината на АстраЗенека. Поради згрутчување на крвта кај лица помлади од 60 години, министерот за здравство Венко Филипче го стопираше вакцинирањето со АстраЗенека на лица помлади од 60 години кај нас. Вакцината се дава на повозрасните оти нема пријавени негативни ефекти кај лица над 60 години. Од ставот на ЕМА ќе зависи и ревакцинацијата на Македонците кои се вакцинираа во Србија.
„За ЕМА закажан е состанок на ботдот во периодот меѓу 6-ти и 9-ти април. Тогаш ги чекаме препораките заа вакцинирање со вакцината на АстраЗенека. Ако ставот е да се продолжи вакцинирањето, сите кои се вакцинираа во Србија ревакцина ќе може да добијат тука. Ќе ги чекаме и препораките дали по првата вакцина може да се ревакцинираат со некоја друга вакцина и ќе се раководиме по тие препораки”, рече министерот Филипче.
Тој од српските здравствени власти се уште го чека списокот на вакцинирани Македонци во Србија. Според досегашните претпоставки ваакцини во Србија примиле околу 10.000 Македонци.