176
Во своето гостување во „Утрински брифинг“, министерот за здравство Венко Филипче посочи зошто се размислува за полициски час и колкава е процентната застапеност на британскиот сој на Ковид 19 во земјава.
Во однос на одлагање на пописот со оглед на актуелната епидемиолошка состојба, Филипче вели:
„Засега остануваме на овие рестрикции кои ги предложивме и остануваме будно да ја следиме ситуацијата. Во однос на пописот, и оние протоколи кои Комисијата за заразни болести ги одобри по предлогот на ДЗС, значи дека истиот ќе може безбедно да се спроведе, но ќе останеме да ја следиме состојбата. Доколку увидиме дека има потреба, не е исклучена можноста да предложиме и други мерки“.