Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција порача дека ќе инсистира да се казнуваат пациентите кои ги кријат контактите и даваат лажни податоци.
-Првиот случај кој се појави во Македонија, жената која прва беше заразена со вирусот Ковид-19, а дојде во Дебар од Италија не кажа дека има симптоми.Контактите ги сокрија и родилките кои беа примени во гинеколошката клиника и во болницата во Чаир.Воедно недзволиво е да се прави свадба кога е тоа забрането. Згора на тоа да не се соработува и да не се кажуваат информации, истакна министерот Венко Филипче.