Филипче: Постепено се опоравува пациентот на кој му беше трансплантирано срце

од Nikola Popovski
260 прегледи

Во одделот за интензивна нега при УК за Кардиохирургија, постепено се опоравува пациентот на кој му беше трансплантирано срце во средата. Тој во моментов се чувствува добро, задоволен од завршената операција, заедно со проф. д-р Јовев, не прими со насмевка, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој упати благодареност на хуманоста на фамилијата и гестот на починатата донорка.

-Сега тој е во нова надеж за подобро здравје. Му посакувам брзо враќање во секојдневните навики и рутини, а пред се успешно оздравување, порача Филипче.

Петтата трансплантација на срце е извршена кај 66-годишен пациент за кој немало друга алтернатива и чие срце работело со помалку од 20 проценти, а трансплантациите на бубрези се извршени кај двајца 40-годишни пациенти кои оделе на дијализа.

Донор е 42-годишна пациентка, која имала спонтано крварење во мозокот, и како што рече Филипче, сопругот и братот ја испочитуваа нејзината волја која ја искажала уште за време на животот, ако нешто ѝ се случи, нејзините органи да бидат донирани.

Слични содржини