124
Потребна ни е здрава нација. Затоа, апелирам сите да се вакцинирате и да им укажете на вашите најблиски и тие да се вакцинираат, порача од Охрид, министерот за здравство Венко Филипче.
-Здравствениот систем е важно да може да биде оспособен да прави рана дијагноза и да препознава други болести. Тоа ќе се овозможи само со масовна вакцинација. Здрава нација значи и здрав работен потенцијал, рече Филипче.