Филипче: Предлогот за воведување нови рестриктивни мерки ќе го разгледаме во Комисијата за заразни болести

од Nikola Popovski

„На денешната владина седница одлучивме да воведеме засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и околните скопски општини, како и во Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово, и околните тетовски општини. Исто така донесовме заклучок предлогот за воведување рестриктивни мерки повторно да го разгледаме во Комисијата за заразни болести“, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

Тој уште еднаш истакна дека само заеднички може да успееме во оваа битка и да го спречиме ширењето на коронавирусот.

„Апелирам сите да се придржуваме до мерките за заштита. Да носиме заштитна опрема, да одржуваме физичка дистанца и често да ги миеме рацете. Успешно се справивме со првиот бран, верувам дека и овој пат ќе донесеме правилни одлуки и побрзо ќе го спречиме ширењето на вирусот“, се вели во објавата на Филипче.

Слични содржини