Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук , објави дека Владата почнувајќи од денеска, 1 јуни, ги утврдени се следните измени и дополнувања на мерките:
Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;
Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;
Се укинува забраната за групирање на јавен простор;
Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;
Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;
Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина;
Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15.06.2021 година.