Филипче: Прва доза вакцина вчера примиле 6.076 граѓани

од Берта Китинска
225 прегледи

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информира министерот за здравство Венко Филипче.

-Вкупно се аплицирани 725.902 дози вакцини, а ревакцинирани се 272.129 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 10.817 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.076 граѓани.58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 55% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.51% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.41% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.Вакцинирај се без закажан термин, Филипче.

Слични содржини