Во јануари или февруари 2021. година би можеле да ги добиеме првите дози од вакцините против Ковид 19, истакна на денешното излагање министерот за здравство, Венко Филипче.
Владата обезбеди буџет и потпиша договор според кој вакцините ќе ги очекуваме преку ковакс – механизмот.
Во ковакс – механизмот влегуваат сите производители, а на листата се и вакцините на „Астра Зенека“ и „Фрајзер“, кои се очекува да ја добијат потребната дозвола за употреба.
Откако ќе ја добијат, тие ќе ги распределат еднакво дозите во земјите кои се дел од овој механизам.
Министерот Филипче потенцираше и дека имаме уште две понуди, онаа од полскиот амбасадор во земјава, како и онаа од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој на последната средба со Заев предложил да бидеме како земја и ние дел од нивната набавка.
„Грција како земја-членка на ЕУ е обезбедена со директен договор со компанијата „Астра Зенека“,истакна Филипче.