334
Од почетокот на оваа криза, здравствените работници, сите и доктори и сестри, лаборанти, техничари покажаа што значи да се има капацитет, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
-Медицински сестри посветено и пожртвувано се борат од почетокот на кризата со коронавирусот.Свесен сум дека работат под притисок, дел од нив се исцрпени, често работат по 24 часа, и една стресна ситуација доведува некогаш и до немили ситуации, како што бил случајот сега, комуникација на повисок тон. И утрово ми кажаа дека сега апсолутно сите жалат.Се сложија дека ќе го искористат одморот, а потоа ќе се договориме за начинот на кој ќе бидат вклучени во битката со коронавирусот, изјави Филипче.