Филипче: Работата во кумановската болница се одвива непречено иако 18 вработени се позитивни на Ковид-19

од Берта Китинска
314 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче утрово беше во посета на кумановската болница.

-Работата се одвива непречено и организацијата е добра. Откако 18 вработени се дијагностицирано со Ковид-19, направена е добра реорганизација на работата. Од пред неколку дена во поддршка на вработените на инфективното одделение дојдоа двајца лекари од Штип и од Скопје со што капацитетите се задоволени. Во кумновската болница има вкупно 700 вработени. Покрај 18 кои се заболени од Ковид-19 нема друг персонал кој е во самоизолација. Директорката на болницата ме информираше дека располага со сосема доволен број на заштитна опрема и истата се надополнува постојано. Министерството за здравство продолжува интензивно да ја следи состојбата во Куманово и доколку има потреба од дополнителна поддршка во однос на ресурси итно ќе реагира, изјави Филипче.

Слични содржини