Филипче: Размислуваме за дополнителни рестриктивни мерки, пред се за невакцинираните

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Во текот на следната недела ќе дискутираме и за други евентуални дополнителни рестриктивни мерки, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, овие мерки пред се би се однесувале на невакцинираните граѓани, имајќи предвид дека најголем товар во болничкиот систем доаѓа од нив.

-Можно е да се прошири критериумот за влез со најмалку две примени дози и за други места и настани, отколку што е сега, информира министерот.

Од утре за влез во објекти е потребен сертификат за примени две дози на вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена.

Слични содржини