Филипче: Размислуваме за рестрикции за невакцинираните, во некои земји воведоа брзи тестови за влез во маркетите

од Nikola Popovski
442 прегледи

„Засега не размислуваме за рестриктивни мерки на границите или во внатрешноста на земјата, дали на јавните настани. Ако процениме дека ризикот е голем можеме да воведеме. Се размислуваме за периодот во есенските месеци“, изјави денес на прес-конференција, министерот Венко Филипче.

Тој информира дека здравствените власти размислуваат за воведување рестрикции за граѓаните кои што не се вакцинираат.

„Зошто тие да ги загрозуваат сите други што се вакцинирале, а имаат можности. Во некои земји воведоа брзи тестови за влез во маркетите или културните настани“, потенцира министерот, додавајќи дека засега нема нови случаи на делта сојот во земјава.

Слични содржини