Филипче: РЕК Битола не работи, граѓаните плаќаат огромни сметки за струја

од Nikola Popovski
2 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето на „Клик плус“ на ТВ21, се осврна на најавите за нови инвестиции во енергетскиот сектор, оценувајќи дека тие не носат реална стабилност во енергетиката на земјата. Според него, најавената инвестиција во ветерници, која е целосно приватна, не гарантира стабилен и постојан извор на енергија за земјата.

„Оваа инвестиција за ветерници е приватна, и сè уште не знаеме каков ќе биде договорот со државата. Дали ќе имаме право на откуп на таа струја? Но, она што е најважно, тоа воопшто не е базна енергија на која можеме да сметаме“ изјави Филипче.

Тој нагласи дека Владата во моментов прави огромен увоз на струја заради нефункционирањето на РЕК Битола, што предизвикува огромни трошоци за државата и граѓаните.

„Нашите капацитети во РЕК Битола не работат веќе неколку месеци, што создава дополнителен притисок врз енергетскиот систем. Трошоците за купување струја од берзата се огромни, а сметките кои граѓаните ги плаќаат за електрична енергија се постојано високи,“ потенцира Филипче.

Тој ја обвини Владата дека не може соодветно да го менаџира процесот на работа на РЕК Битола, што дополнително ја продлабочува енергетската криза во земјата.

Слични содржини