314
Најголем дел од новозаразените се заразиле непочитувајќи ги мерките во сила и за време на полицискиот час, уверуваат надлежните.
Министерот за здравство Венко Филипче упати порака на Фејсбук да ја погледнат репортажата од Инфективна клиника на новинарот Фуркан Салиу:
„На оние кои немаа прилика сѐ уште да ја погледнат репортажата од Инфективна клиника на новинарот Фуркан Салиу, им препорачувам да го направат тоа. Покажете им ја на сите кои и покрај сите апели не сѐ уште не веруваат дека вирусот е сериозна закана по здравјето“, напиша Филипче.
https://www.facebook.com/KlanMacedonia/videos/708723649945454