Филипче: Решен проблемот со матичен лекар во општина Шуто Оризари

од Nikola Popovski
339 прегледи

„Најдовме трајно решение на проблемот со матичен лекар во општина Шуто Оризари“, објави попладнево министерот за здравство, Венко Филипче.

Според неговите зборови, после 6 неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во Поликлиниката во Шуто Оризари денеска добиле апликација на седмиот оглас од приватна Поликлиника која аплицирала и планира закуп на ординацијата во рамките на своја Поликлиника.

„Со ваквиот ситем на вршење здравствена дејност во рамките на Поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение. Сакам да информирам дека заврши и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа општина со што МЗ го реши и овој децениски проблем во општината“, соопшти министерот.

Од министерството информираат дека завршила и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа општина со што како што велат од таму министерството го решило деценискиот проблем во општината.

Досега во услови на здравствена криза на околу 5 200 пациенти им беше оневозможен пристап до здравствени услуги поради дефицит на матични лекари во локалната поликлиника.

Слични содржини