365
Министерот за здравство Венко Филипче, повторно упати апел за почитување на мерките преку својот Фејбук профил.
-Заштитната маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце се клучни во борбата со ковид-19. Во моментов, тоа се единствените мерки кои може да го стопираат ширењето на вирусот. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора доследно и во целост да ги почитуваме мерките за заштита. Да бидеме одговорни и совесни, за себе, за нашите најблиски, напиша Филипче.