214
Протоколите во училиштата се направени по принципи за да се спречи ширењето на вирусот. Овие бројки кои сега ги имаме укажуваат дека мал број на учениците се заболени.До крајот на минатат недела има информација дека во 4 скопски општини во по две училишта има заболено по едно дете со мал број на контакти, денес има регистрирано едно дете во Велес и уште едно во Скопје.Навистна е мал бројот на деца кои заболеле. Ризикот е минимален, практично ако се почитуваат протоколите децата се безбедни, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче рече дека од среда ќе се укине препораката за онлајн настава за средношколците во Струга и во Кичево, а уште една недела во сила останува препораката за Тетово и за Гостивар.